Неуморните рокери кои заедно имаат 286 години вчера 50-годишнината од постоењето на бендот ja прославија со семејствата и фановите отворајќи ја својата голема ретроспективна изложба во славната галерија Сачи во Лондон. Автори на некои од 500 изложени дела се Едни Варол, Александер МекКвин, Оси Кларк, Том Стопард и Мартин Скорсеже. Ричардс како и секогаш го шармираше друшвото, а Вуд откри дека Џегер неодамна доби прекар „дадилката Мик“. Не се знае кој беше подобро расположен од членовите на бендот, кои се дружеа со бројните обожаватели. После серијата „Винил“ која се прикажува на HBO, а чиј идеен творец е Мик Џегер, 72-годишниот рокер не престанува со сеќавањето на најдобрите моменти во музичката историја.
Имено, Ролингстоунс по повод 50 години од постоењето на бендот отворија голема изложба која ќе може да се посети до следниот месец. Меѓу изложените предмети има спомени, уметнички дела и уште многу нешта поврзани за бендот. Им се придружи и поранешниот член Бил Виман кој бендот го напушти во 1993 година. Неодамна откри дека се бори се тешка болест. Дамата која беше во прв план е бремената сопруга на Рони Вуд, Сали Хамфрис, со која музичарот чека близначки. Џегер, кој е татко на седум деца, се пошегува дека на девојчињата, кои на свет ќе дојдат ова лето, со задоволство ќе им биде дадилка.