Викендов што измина Владимир Четкар со неговиот септет одржа концерт на отворањето на еден од најголемите џез фестивали во Азиjа и светот „Jarasum International Jazz Festival“ и настапи на „KF Sheonggyecheon Music Festival“ во Сеул.
Четкар на концертите во Кореа, беше придружуван од Коди Роландс на труба, Арон Хенри на тенор саксофон, Филип Стевановски на тромбон, Лукас Холмс на клавијатури, Ѓоле Максимовски на бас и Виктор Филиповски на тапани.
Двата концерти ги следеа илјадници фанови на џез музиката кои направија спектакуларна атмосфера.
Четкар во моментов се наоѓа на турнеа низ Азија, каде настапува на најголемите џез фестивали.
OhridNews