Фудбалерите на Манчестер Јунајтед им приредија разочарувачко добре дојде на фановите на „Олд Трафорд“, ремизирајќи со отпадниот Фулам (1-1), во претпоследната рунда од англиската Премиер лига.

„Црвените ѓаволи“ одиграа нов променлив натпревар и трет пат во серија на успеаја да победат на домашен терен. Домаќините имаа светли мигови, кои не беа доволни за победа. Спектакуларен погодок за водство на домашните фудбалери постигна Единсон Кавани. Уругваецот со лоб удар и погодок ја круниса маестрална акција на Манчестер Јунајтед. Да не биде погодокот на Кавани одлучувачки на мечот се погрижи Џо Брајан, кој во 76-та минута погоди за 1-1. Тој резултатот на крајот се покажа како конечен.

Лидс запиша нова победа, совладувајќи го Саутемптон со 2-0, а вечерва на програмата се мечевите Брајтон – Манчестер Сити односно Челси – Лестер.

OhridNews