Вчера вечер, учениците од ОСУ „Св.Климент Охридски“ направија концерт за паметење со што ја затворија оваа година на гимназиски начин.

Концертот кој беше насловен како „Музичка (Р)еволуција“ не прошета низ времето преку маестрална изведба на безвременските хитови како „The show must go on”, „Let it be”, „Billie Jean“, како и многу други пред преполната сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Главен “виновник” за овој настан е професорот по латински јазик, Стефан Каневче, кој на почетокот на концертот положи цвеќе на празното столче во првиот ред, како знак дека прерано починатиот градоначалник, Јован Стојаноски, кој секогаш ја поддржуваше охридската гимназија, е се уште со нас.

Собраните средства од концертот кој гимназијалците со срце го подготвија ќе бидат донирани за покривање на трошоците за екскурзии на нивните соученици кои не се во можност истите да ги подмират.

А.М.