Центар за култура „Григор Прличев“
Од 18.01.2019 - 20:00 до 18.01.2019 - 22:00
Часови не делат до најочекуваниот културно – забавен спектакл во Охрид, шоуто „Зимска бајка“ што ќе се одржи вечерва во 20 часот во Центарот за култура пред преполн аудиториум.
На „Зимска бајка“ ќе настапат: Емилија Маринова, Јован Куциноски, Јане Тодороски со инструментална придружба, кои ќе ги изведат најдобрите празнични песни специјално аранжирани за оваа прилика; актерите и комичари Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски со најновото шоу на “Two mothers brothers” кое премиерно ќе биде изведено вечерва; како и Ѓоко Танески, новата ѕвезда на македонското музичко небо Антониа Гиговска, Анатолиј Арнаудоски, Владимир Кречоски, Емилија Колоска, Димитри Алчев, Ѓорѓи Калајџиев, Никола Јосифоски, кои ќе ги изведат најдобрите рок класици.
Публиката вечерва ја очекува и изненадување. Имено, сите што успеаја да дојдат до влезница за големото шоу стануваат потенцијален добитник на една од вредните награди обезбедени од Стоматолошки центар „Д-р Баткоски“, хотел „Тино – Св. Стефан“и Ресторан „Св. Софија“.
За звукот и визуелните ефекти на културно – забавниот спектакл задолжени се „Labino Sound“, а за декорот „Импакт груп“.
Настанот е помогнат од Хотел Чинго – Охрид, Печатница и картонажа Коста Абраш, Општина Охрид, АСП ПАК, Далвина, Горска, Староградско, Куба Либре, „Терен ауто плус“, Виеми, Ресторан „Св. Софија“, Стоматолошки центар „Д-р Баткоски“, АД „Галеб“ Охрид, Кармен Бауцентар, Хотел „Нова Ривиера“, Кафе бар и лаунџ бар „Кадмо“, Рентакар „Ескејп“, Топ Маркети, Ресторан „Далга“, ЈП „Охридски Комуналец“, Моби Петрол, Летра дизајн и ФТУ Охрид.
Потсетуваме дека големото шоу „Зимска бајка“ поради прераната смрт на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски беше пролонгирано од 22 декември за 18 јануари, ден пред големиот празник Водици. За настанот важат истите нумерирани влезници за претходно објавениот термин, информираат организаторите.
OhridNews