Центар за култура „Григор Прличев“
Од 18.01.2019 - 20:00 до 18.01.2019 - 22:00
Поради прераната смрт на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, целокупниот амбиент во градот и повеќедневното непотполно функционирање на многу важни сегменти кои влијаат на организацијата, културно – забавниот спектакл на годината во Охрид „Зимска бајка“ првично закажан за 22 декември, сабота, со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, се одлага за 18 јануари 2019 година, ден пред прaзникот Водици, соопштија организаторите.
-Имајќи ја во предвид чувствителноста на моментот, атмосферата која владее во градот поради смртта на почитуваниот градоначалник Јован Стојаноски, што претставува големата загуба за целокупната заедница, во договор со учесниците и сите вклучени во организацијата на настанот, донесовме одлука да го пролонгираме одржувањето на „Зимска бајка“ за 18 јануари, ден пред најголемиот празник во Охрид, Богојавление – Водици. – информираат организаторите на настанот.
Во знак на почит кон ненадејно починатиот градоначалник на Охрид, „Зимската бајка“ што ќе се одржи на ден пред Водици, ќе биде посветена на проф. д-р Јован Стојаноски, посочуваат организаторите.
–Градоначалникот Јован Стојаноски беше голем поддржувач на културата во градот и прв градоначалник кој отворено и несебично ја подржа најголемата културно – забавна манифестација во Охрид „Зимска бајка“, како минатата, така и оваа година. Неговото прерано заминување од овој свет длабоко не потресе сите нас кои сме вклучени во овој проект, а кој поради специфичноста и обемноста се подготвува повеќе месеци. Во знак на почит кон починатиот градоначалник сегмент од „Зимската бајка“ што ќе се одржи на 18 јануари ќе биде посветен на проф. д-р Јован Стојаноски, а кој ќе биде специјално подготвен во периодот кој следи, за што од технички апсект е потребно време. Во оваа прилика искажуваме огромна благодарност за поддршката што како организатори ја добивме од семејството на почитуваниот градоначалник Стојаноски, на кое му изразуваме најдлабоко сочувство за големата лична загуба, која е ненадоместлива. – велат организаторите на настанот.
Новиот термин за одржување на „Зимска бајка“, 18 јануари 2019, петок, предвидува големи организациски промени и поместувања, но свесни сме дека ќе влијае и на плановите на почитуваната публика која веќе набави влезници за настанот закажан првично за претстојниот викенд, а кој сега се пролонгира, истакнуваат организаторите.
-Им се извинуваме на сите кои веќе купија влезници за „Зимска бајка“ и го испланираа квалитетно слободното време за претстојниот викенд. Им ветуваме одлично шоу на 18 јануари во 20 часот во Центарот за култура, надополнето со нови моменти кои квалитативно ќе го збогатат културно забавниот настан. Воедно ги информираме дека купените влезници за 22 декември ќе важат за новиот термин на 18 јануари 2019 година и истите нема потреба да бидат заменети. Тие што нема да можат од разни причини да присуствуваат на „Зимска бајка“ во новиот термин, 18 јануари, ќе можат да ги вратат влениците и ќе им бидат целосно рефундирани средствата. Тоа ќе може да го направат на продажното место „Топ маркет“ кај Чинарот од вторник 25 декември, од кога ќе продолжи продажбата на преостанатите влезници за спектаклот на годината „Зимска бајка“. – информираат органиаторите.
Потсетуваме дека на најочекуваниот културно – забавен настан во Охрид, настапуваат Емилија Маринова, Јован Куциноски, Јане Тодороски со инструментална придружба, кои ќе ги кизведат најдобрите празнични песни; актерите и комичари Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски со најновото шоу на “Two mothers brothers”; Ѓоко Танески, Анатолиј Арнаудоски, Владимир Кречоски, Емилија Колоска, Димитри Алчев, Ѓорѓи Калајџиев, Никола Јосифоски и новата ѕвезда на македонското музичко небо Антониа Гиговска, кои подготвуваат уникатен проект кој ги содржи најдобрите рок класици.
За звукот и визуелните ефекти на културно – забавниот спектакл на годината во Охрид задолжен е „Labino Sound“, а за декорот „Импакт груп“.
Настанот е помогнат од Хотел Чинго – Охрид, Печатница и картонажа Коста Абраш, Општина Охрид, АСП ПАК, Далвина, Горска, Староградско, Куба Либре, „Терен ауто плус“, Виеми, Ресторан „Св. Софија“, Стоматолошки центар „Д-р Баткоски“, АД „Галеб“ Охрид, Кармен Бауцентар, Хотел „Нова Ривиера“, Кафе бар и лаунџ бар „Кадмо“, Рентакар „Ескејп“, Топ Маркети, Ресторан „Далга“, ЈП „Охридски Комуналец“, Моби Петрол, Летра дизајн и ФТУ Охрид.
OhridNews