Завршницата од Лигата на Шампиони која ќе се одржи во турнирски систем во португалскиот град Лисабон ќе биде спектакуларна, откако ждрепката најдобрите екипи на мегдан ги однесе уште во 1/4 финалето.

Потенцијална средба во првата фаза од турнискиот систем има помеѓу Реал Мадрид/Манчестер Сити и Јувентус кој ќе треба да го мине Лион во 1/8 финалето. Французите обезбедија минимална предност 1-0 во првиот меч.

Второто дерби во најава е помеѓу победниците од Наполи/Барселона односно Челси/Баерн Минхен додека сигурни четвртфинални двојки се Лајпциг – Атлети Мадрид и Аталанта – ПСЖ.

Натпреварите во Лисабон ќе бидат поделени на „Да Луж“ каде игра Бенфика и „Жозе Алваладе“ каде настапува Спортинг. Големото финале ќе се одигра на 23 август на „Да Луж“.

Двојки:

Реал Мадрид/Манчестер Сити – Лион/Јувентус

РБ Лајпциг – Атлетико Мадрид

Наполи/Барселона – Челзи/Баерн Минхен

Аталанта – ПСЖ

OhridNews