Плажа Бонанца
Од 20.07.2018 - 19:00 до 20.07.2018 - 23:00
По извонредното издание минатата година, Владимир Четкар секстет и ова лето на охриѓани и гостите ќе им приреди музичко уживање на зајдисонце. Настанот ќе се одржи на 20 јули во 19 часот на плажатата „Бонанца“ во населбата Св. Стефан во Охрид.
Карти за концертот ќе се продаваат по симболична цена од 200 МКД во Охрид на плажата „Бонанца“ и ресторанот „Белведере“ во центар како и во Скопје во „Чув Де Чув“.
Владимир Четкар ќе настапи во секстет постава која ја сочинуваат Трајко Велков на труба, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Филип Стевановски на тромбон, Ѓоле Максимовски на бас и Виктор Филиповски на тапани.
OhridNews