Селекцијата на Шпанија е нов учесник во 1/4 финалето на Европското првенство. „Црвената фурија“ во меч осум со погодоци и две продолженија ја совлада Хрватска со 5-3 (3-3) и обезбеди пласман во топ 8.

Првиот гол на натпреварот падна во мрежата на Шпанија. Голманот на шпанците катастрофално реагираше и Хрватска поведе со 1-0. До крајот на првиот дел селекцијата на Шпанија изедначи. Прецизен беше Сарабија.

Шпанија со погодокот на Аспликуета поведоа со 2-1, а Пау Торес зголеми на 3-1. Во последните пет минути од натпреварот Хрватска два голови обезбеди егал и продолжение. На 3-2 намали Орсиќ, а за 3-3 реализираше Пашалиќ.

Во продолжението, Мората во 100-та минута погоди за 4-3. Три минути подоцна Ојзарабл погоди за 5-3 и голема победа на Шпанија.

„Црвената фурија“ во 1/4 финалето ќе ги одмери силите со победникот од осминафиналниот дуел помеѓу Франција и Швајцарија.

OhridNews