Фудбалерите на Манчестер Сити ја вратија неизвезноста во трката за титулата, откако пред своите гледачи во мечот на сезоната го совладаа Ливерпул (2-1) во последниот натпревар од 21-та рунда во Премиер лигата.

Дербито на Етихад понуди неверојатен фудбал и покажа зошто англиската Премиер лига се вбројува помеѓу трите најдобри во светот. Митот за непобедливост на „црвените“ го сруши Лерој Сане. Германецот за 2-1 погоди во 72-та минута, после добрата полуконтра на домашниот состав. Претходно, „граѓаните“ поведоа со голот на Кун Агуеро, а гостите од Ливерпул изедначија со погодокот на Роберто Фирмино.

Бодовната разлика после дербито на Етихад изнесува четири поени, а допрва двете екипи ќе бијат битка за бодовите ширум терените во Премиер лигата.

Во англискиот шампионат следува десетднева пауза.

OhridNews