Специјален едукативен камп за планинарење за деца со попречености, се одржа вчера во организација на ЗП „Великамен“ одржа . Настанот започна со кратка планинарска акција од с. Горно Коњско до планинарскиот дом Троуглеш.

Децата беа придружувани од двајца лиценцирани водичи, дефектолог и нивните родители. Во дворот на домот преку активности децата учеа како се поставува шатор, како безбедно да се запали логорски оган и многу други вештини за движење и престој на планина.

Специјалниот едукативен камп за планинарење за деца со попречености  како настан е уште една успешна  соработка помеѓу Здружението на планинари Великамен и Здружението на родители на деца со посебни потреби “Тајните на моето срце”.

Настанот беше поддржан од програмата за здравствена и социјална заштита на Општина Охрид.

OhridNews