Македонската фудбалска репрезентација од денеска официјално ја стартува финалната мисија за пласман на Европското првенство. Последна пречка за „црвено жолтите“ во финалето од баражот во Лигата на Нации е селекцијата на Грузија.
По тој повод, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) подготви специјален дрес кој ќе го носат репрезентативците на дуелот со Грузија, во четврток во 18 часот. На дресовите стојат знамињата од двете држави и датумот, а под нив стои дека ова е финален натпревар. Па специјалниот дрес нека биде историски за Македонија!
OhridNews