Фудбалскиот клуб Специја избори историски пласман во Серија А. Клубот кој е основан во 1906 година, во баражот успеа да биде подобар од Фросиноне благодарение на резултатот во регуларниот дел од сезоната.
Специја загуби на домашен терен во реваншот со 0:1, а бидејќи првиот меч на теренот на противникот го добија со 1:0, решаваше пласманот на табелата во Серија Б.
Сезоната Специја ја заврши на четвртото, а Фросиноне на осмото место. Покрај Специја пласман во Серија А изборија Беневенто и Кротоне.
По натпреварот навивачите низ градските улици го славеа пласманот меѓу италијанската елита.
OhridNews