Дејвид Граундс од Флорида шетал со својот седумгодишен териер покрај езерото зад својата куќа. Видел дека им се приближува алигатор. Влекачот долг два метри го соборил кучето и го стегнал со вилицата. Дејвид се залетал и го зграбил алигаторот со рацете за вилицата и го бодел со палците во очите.
Алигаторот попуштил со стисокот доволно да се ослободи кучето, но му одгризал два прсти од раката на Дејвид. Вели дека повредата не е страшна и дека истото би го сторил повторно доколку неговото куче е во опасност. Чуварите на паркот Флорида подоцна го фатиле и го убиле алигаторот.