Спасувачките служби од британската полиција сабајлево ја продолжија потрагата по исчезнатиот авион  „Пајпер Малибу“ во кој се наоѓаше фудбалерот на Кардиф Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон.

Иако шансите за преживување се мали и потрагите изминатите два денови не вродија со плод никој не губи надеж и не сака да поверува во најлошото. Симпатизерите на Нант и Кардиф секојдневно го посетуваат стадионот и се молат за здравјето на Сала и пилотот кои мистериозно исчезнаа во понеделникот.

Како една од причините за можно паѓање на авионот е мрзнење на моторот. Според експертите пилотот Дејвид не требало да добие дозвола за летање, особено што летот бил закажан за 20 часот и 15 минути. Сала после официјализирањето на договорот со Кардиф се врати во Нант да се поздрави со играчите и луѓето во клубот, што може да се покаже како фатално.

OhridNews