Во близина на шведскиот брег, се одвива голема спасувачка акција, каде што гори ферибот со 300 луѓе, соопштија шведските поморски власти.

Има пожар на палубата за транспорт на автомобили, изјави портпаролот на шведската поморска управа, Јонас Францен

Три хеликоптери и седум пловни објекти се испратени на местото на настанот и започната е евакуација на бродот. Засега нема информации за повредени, а причината за пожарот се уште не е позната.

Бродот Stena Scandica се наоѓал во близина на островот Гоцка Сандон во близина на југоисточниот брег на Шведска.

Фериботот сообраќа меѓу Нишамн во Шведска и Вентспилс во Летонија. Фериботот има капацитет од 970 патници.

OhridNews