Според телевизијата спасителите сами ги побарале пасошите, а ќе им бидат дадени веднаш. Им следувале по закон поради заслуги за Бугарија и Бугарскиот народ.
„Нема да чекаат 4-5 години, колку што вообичаено се чека. Ќе се примени членот 16, кој предвидува да им се додели бугарско државјанство веднаш. Тие се само тројца, но ако и други посакаат и тие ќе добијат бугарски државјанства“, изјави Божидар Димитров, министер за дијаспора на Бугарија, пренесува телевизијата А1.