На први октомври сите вработени во Министерството за внатрешни работи ќе имаат плата зголемена за 10 отсто и до крајот на годината регрес за годишен одмор од 10 000 денари за секој полициски службеник, истакна Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на својот Фејсбук профил.

Секогаш кога верувате во една иста цел мора да дојдете до решенија. Едно или друго мора да биде решението кое ќе биде во интерес на членовите на Македонскиот полициски синдикат, но и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи, пишува Спасовски.

Тој нагласува дека низ дијалог дошле до решенија во интерес на членовите на МПС и на сите вработени на МВР.

OhridNews