За претстојните Велигденски празници граѓаните да ги почитуваат препораките, пред сè да не се групираат и да одржуваат физичка дистанца, апелира претседателот на владата Оливер Спасовски кој денес беше во посета на Куманово, во моментов град со најголем број на заразени од коронавирусот КОВИД-19 по глава на жител.
„Сега е моментот Велигденските празници да ги прославиме дома во кругот на нашите семејства и во духот на нашата традиција. Ние немаме одлука за затворање на верски објекти, ниту за непрактикување на верата, бидејќи тоа не може да се донесе. Без разлика на состојбата во која се наоѓа државата, тоа е право кое е неприкосновено. Но, веќе и МПЦ и ИВЗ излегоа со ставови да се почитуваат препораките“, посочи премиерот Спасовски.
OhridNews