Првпат воведовме тест на интегритет за сите нови вработувања во МВР, согласно извештајот на ГРЕКО за евалуација на РСМ – петти круг за „Спречување на крупцијата и примовирање на интегритет кај централната власт и органите за спроведување на законот”, со законско решение го уредивме прашањето на интегритетот за кандидатите за вработување, како и за сите вработени во Министерството. Како нов услов за засновање на работен однос е кандидатот да има положено Тест за интегритет.
Ова го објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.
За постојните работници, пак, заради спречување на корупција и злоупотреба на службената положба, а со цел јакнење на интегритетот на секој работник, се предлага да се врши проверка на интегритетот, преку спроведување ТЕСТ за професионален интегритет. Тој тест ќе се врши континуирано за времетраење на работниот однос на работникот. Резултатот од тестот може да биде и индикатор за поведување на предистражна постапка. Резултатот може да биде позитивен или негативен. Негативниот резултат е предвиден како потежок случај за дисциплинска одговорност и основа за поведување на дисциплинска постапка, напиша Спасовски.
Од полицијата со висок интегритет, објави Спасовски, се очекува
да го усогласи начинот на однесување на полициските службеници со демократските вредности додека при преземањето на мерките од властувањата да се раководи од владеење на правото и доследно да ги почитува човековите права.
Тоа значи отстранување на условите за постоење на корупција во полицијата и непрофесионалното постапување и воспоставување на посакуваните етички стандарди, напиша на фејсбук министерот Спасовски.
OhridNews