Во оперативниот план на владата кој опфаќа активни мерки и политики за вработување за 2015 година предвиден е износ од 660 милиони денари од кои најголем дел ќе се користат како субвенција кај приватните компании со цел да се мотивираат, стимулираат и субвенционираат за да отворат нови работни места, информира денес министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Спасов најави нови мерки за компаниите како ослободување за плаќање на придонеси за повеќе години кои ќе стапат во сила наскоро.
– За лицата до 35 години предвидено е ослободување од плаќање придонеси за три години со обврска за приватните компании да ги задржат на работа уште една година. За повозрасните граѓани и за ранливите категории кои ќе бидат вработени ќе следува ослободување за компаниите кои ќе ги вработат дури 5 па и повеќе години, рече Спасов.
Министерот посочи дека со најновите најавени пакет мерки се очекува стимулација на компаниите да отворат нови работни места и се очекува околу 20.000 нови вработувања.
OhridNews