Екипите на Спаски Пердул и Кадмо ќе ги одмерат силите во финалето на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2015“.
Во полуфиналните натпревари Спаски Пердул го совлада тимот на Мистер И со 2-1 додека Кадмо во фантастичен натпревар го „разреши“ минатогодишниот првак АСП Пак победувајќи го 6-4.
Финалните натпревари на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2015“ се закажани во петок 7 август со почеток од 21 часот.
Ohridnews