Екипата на Спаски Пердул триумфираше на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2015“. Во големото финале „црвените“ го совладаа тимот на Кадмо со 3-1.


Спаски Пердул со два погодоци во низа поведе со 2-0, Кадмо не се предаде и намали 2-1, а печат на победа шампионите ставија пред крајот на мечот со третиот погодок.


Во малото финале Асп Пак по изведување на пеналите го совлада тимот на Мистер И 4-2 откако регуларниот дел заврши без победник 4-4.


За најдобар играч на турнирот беше прогласен Александар Толески (Кадмо), наградата за најдобар голман замина во рацете на Никола Чипаноски (Асп Пак), а годинава имаше и награда за најубав гол која заслужено ја освои Ристе Јосифоски.

Ohridnews