Три тима спасители на вода ќе се грижат за безбедноста на капачите при скокањето по крстот на верскиот празник Водици.

Црвениот крст од Охрид ќе стави на располагање три професионално обучени екипи спасители на вода кои ќе интервенираат доколку за тоа има потреба.
 
Исто така, Црвениот крст на располагање ќе стави и две медицински екипи кои ќе ги вршат потребните здравствени прегледи за сите оние кои планираат да скокаат по крстот.

За таа цел во паркот  пред  Рибниот ресторан ќе биде поставен  шатор каде  денеска од 18:00-23:00 ч. и утре  19.01.2008 (сабота) од 07:00-09:30  ќе се вршат бесплатни прегледи на капачите кои се пријавиле да скокаат по чесниот крст на празникот Водици.

ohridnews