Претставници на Националниот сојуз за планинско спасување, меѓу кои и членови на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, заедно со колегите од Хрватска, Словенија, БиХ, Србија и Црна Гора учествуваат на регионална средба на службите за спасување на планина.

Целта на средбата е продлабочување на соработката, размена на искуства, анализа на постојата законската регулатива и предизвиците со кои се соочуваат службите од регионот, како и изнаоѓање на модели и начини за подобрување на ефикасноста и квалитетот на спасувачките операции, велат нашите претставници.

На средбата иницирано е потпишување на мултилатерален договор за соработка и одржување на редовни регионални средби, на кои би се разработување различни теми од областа на планинското спасување.

Исто така, констатирана е неопходноста од подобрување на законската регулатива за планинско спасување, особено во земјите кои се уште го немаат регилирано истото, како основен предуслов за квалитет, ефикасност и примена на европските стандарди од оваа област.

Г.М.