Томас Лопез (21) патролирал на плажа северно од Мајами кога му јавиле дека е во неволја еден од капачите на дел од плажата кој не е заштитен.
Не можев да кажам “не“ и да го оставам човекот да се удави – раскажува Лопез.
Меѓутоа неговите шефови велат дека ги прекршил правилата на компанијата и дека со заминувањето од својот дел ги изложил на опасност другите капачи. Најмалку двајца други спасители дале отказ како знак на протест поради одлуката на компанијата.
Лопез незначително се оддалечил од знакот со кој бил одбележан делот од плажата на кој работи за да го спаси човекот кој веќе бил надвор од водата.Со помош на една медицинска сестра му укажал помош додека не го одвеле во болница.
После добиениот отказ вели дека не жали за својата одлука, и дека е смешно еден знак да одреди дали некој е загрозен или не.