Германецот Хенс Лангер го забележал заробениот лебед додека го шетал своето куче крај реката Оје во Хорнебург. Се запрашал зошто птицата не полетала кога и се приближил. Сватил дека е заробена во смрзнатата површина на реката. Повикал полиција, но и тие не можеле да ја извлечат птицата, па повикале пожарникари.


Лебедот го спасувале осум пожарникари. Птицата немала поголемо повреди. Била прегледана од ветеринари, па откако утврдиле дека е во ред била пуштена на слобода. Лебедот најверојатно бил изненаден од смрзнатата река и останал збунет кога забележал дека не може да полета.