Eден Австралијанец спасил кенгур од сигурна смрт во водите во кои има многу ајкули, користејќи ја својата даска за сурфање. Тој бил на прошетка со својот син на плажа кога младиот кенгур поминал покрај нив, скокнал во водата и почнал да плива. Кратко откако влегол во водата почнал да се дави.


Сурферот истрчал до куќата, ја зел даската за сурфање и ја разбудил сопругата да го снима спасувањето. Кога стигнал до него кенгурот бил многу уплашен. Го фатил за грбот, но тој го оттргнал од себе. На крајот успеал да ги извлече на брегот, а кенгурот отскокал во шумата.