Есента и зимата со своите тмурни денови го зголемуваат ризикот за појава на депресијата, а еден од најдобрите начини да го намалите е медитеранската исхрана.
Медитеранскиот стил на исхрана може да ги намали шансите за појава на депресија, покажало истражување чии резултати се многу јасни-луѓето чија исхрана се состои од висок процент на овошје, зеленчук и житарки со многу малку црвено месо ќе го намали ризикот за депресија за речиси една третина.
За медитеранскиот начин на исхрана карактеристичен е умерениот внес на алкохол и млечни производи, потоа честата консумација на мононезаситени масни киселини присутни во маслиновото масло.
Истражување направено од научници во Навара траело 4 и пол години, а резултатите ги објавило американско списание.
На ефектот од медитеранската исхрана за намалување на ризикот од депресија не влијаеле фактори како животниот стил, брачниот статус, бројот на деца или карактеристиките на личноста од испитаникот.
Познато е дека медитеранската исхрана ги намалува шансите и за развој на кардиоваскуларните болести.
извор:metro-portal.hr