По завршување на мечот со Охрид – Пелистер, кој заврши без победник првиот човек на охридскиот ракометен клуб, Димитар Спасески во соблекувалните им честиташе за храбрата игра на „гладијаторите“.

– Ова е историски ден за ракометот во Охрид. Екипата постигна голем успех играјќи нерешено со тим каков што е битолски Пелистер. Ракометарите на Охрид не се предадоа кога и судиите им помогаа на гостити и покажаа како се бранат и сакаат боите на градот – потенцираше Спасески.

Во финишот сите присутни вклучувајќи го и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески од на нозе ги проследија последните мигови од натпреварот.

Мх.П.