Навивачката група „Рибари“ за јубилејниот 25-ти роденден го крена Охрид на нозе и никој не остана рамнодушен на навивањето и кореографиите кои ги имаше во „Билјанини Извори“.


– Прекрасна атмосфера и навистина сум пресреќен што „Рибарите“ приредија незаборавен спектакл. Од срце на сите генерации им го честитам јубилејот на навивачката група и им посакувам уште долги години да бидат на трибините – рече првиот човек на ракометниот клуб Охрид, Димитар Спасески.

Охридските ракометари претрпеа пораз 23-20 од Прилеп во меч, кој беше историски за „Рибарите“.

– Натпреварот беше тежок и неизвесен. Мене ми е жал што не успеавме да победиме на овој меч и со победа го заокружиме јубилејот на „Рибарите“. Продолжуваме понатаму и во иднина ќе им возвратиме на нашите најверни фанови со победи – заврши Спасеки.

Фото : Емилио

Мх.П.