Владата на Р. Македонија во наредните 3 години ќе обезбеди 215 милиони евра за развојот на земјоделството, а дополнително се предвидуваат и значајни средства од предпристапните европски фондови, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски во обраќањето на Третиот меѓународен симпозиум за сточарство што започна синоќа во Охрид.

Во своето обраќање Спасеноски рече дека цо низа закони кои веќе се во примена или се во завршна собраниска процедура Македонија настојува и да го развива, но и да го прилагоди земјоделско-прехранбениот сектор кон барањата и стандардите на Европската унија.

На симпозиумот во Охрид учествуваат околу 150 експерти од 15 земји, како и  научни работници од 28 универзитети од Македонија и странство.

ohridnews