Секое прекумерно и неконтролирано испуштање на водите од Охридското Езеро кое би можело да ги наруши еколошките вредности ќе значи аларм и веднаш ќе се реагира, изјави во Охрид министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски, одговарајќи на прашање на новинарите дали има преголемо испуштање на водите од езерото за потребите на Албанија.

Спасеноски, кој учествува на Третиот меѓународен собир за сточарство во Охрид, рече дека состојбата секојдневно внимателно се следи, оти е нормална, а на Албанија и се помага поради тамошната неповолна хидролошка ситуација со цел да се ублажи енергетската криза во таа земја.

Спротивно на ова од ЕЛЕМ кој стопанисува со хидроцентралите Глобочица и Шилје кои со вода се снабдуваат од Охридското Езеро, тврдат дека не се испуштаат поголеми количини вода во Дримот за потребите на Албанија која се соочува со енергетска криза.

ohridnews