Млада Американка спасила еден 16-годишник од Британија кој зел прекумерна доза лекови додека комуницирале преку Фејсбук. Девојката кренала паника откако тинејџерот и рекол дека ќе изврши самоубиство.

Иако таа не знаела каде живее момчето, повиците упатени преку Белата Куќа и Британската амбасада во САД и овозможие на полицијата од Ебингдон да го спаси момчето.


Момчето целосно се опоравило по кусиот престој во болница. Полицијата информирала дека момчето и пратило порака на девојката во сојузната држава Мериленд која гласела дека тој ќе си го одземе животот. Полицијата лоцирала осум можни адреси и го пронашла момчето од четвртиот обид. Кога го откриле тој бил сеуште свесен.