Спасен млад штрк заплеткан во своето гнездо во село Волино. Како што информираат градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески на неговиот официјален фејбук профил успешно била завршена акцијата за спасување на млад штрк кој бил заплеткан во своето гнездо на училиштето во село Волино.

По симнувањето на штркот и извршената имобилизација на ногата повикана е ветеринарна екипа од Зоолошката градина во Битола. Младиот штрк е преземен и ќе продолжи неговото лекување и очекувањата се за десетина дена да биде вратен во Волино, вели Ногачески.

Акцијата била избедена со помош на електромонтерска екипа со специјалната дигалка и со помош на Јане Иваноски.

OhridNews