Луис Урсула (54) беше пречекан со силни аплаузи, под звукот на сирени и беше поздравен од претседателот Себастијан Пинера. Урсула е шеф на рударите и остана последен под земја и чекаше прво да бидат спасени неговите 32-ца другари. Урсула беше изваден 22 часа подоцна од првиот рудар од групата, Флоренсио Авалос.
Спасувачката операција со капсулата “Феникс” мина без проблеми за сите рудари.
Повеќето од спасените рудари, кои поминаа 69 дена под земја, се наоѓаат во добра здравствена состојба. Во болница, на рударите им ги прегледуваат белите дробови. Повеќето се во одлична состојба.