Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Кире Маркоски професионалната кариера ќе ја продолжи во Спартак Трнава.
Охриѓанецот во словачкиот клуб следните четири месеци ќе ги мине како позајмен фудбалер од АЕЛ. Маркоски се поврзуваше со преселба во Вардар, но неговиот сегашен клуб одлучи да го позајми во Спартак Трнава.
23-годишниот фудбалер пред почетокот на оваа сезона се пресели во АЕЛ. Охриѓанецот претходно шест сезони беше дел од тимот на Работнички.
OhridNews