Фудбалскиот клуб од Прага, Спарта, преговара со своите навивачи да престанат да праќаат пораки со подршка на хашките обвинети Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.

Навивачите на Спарта во натпреварот кој се одигра во саботата во Прага, развиле големи транспаренти со пораки на чешки јазик:

„Караџиќ, Младиќ, држете се“, „Словените не може никој да ги обвинува“, „Смрт ЕУ“.


За време на натпреварот никој од организаторите не реагирал на транспарентите. „Тоа ќе го решаваме овие денови со претставниците на нашите навивачи“, рекол портпаролот на Спарта, Јакуб Отава.

Навивачите на Спарта се познати по тоа што често на фудбалерите им дофрлуваат раситички и вулгарни навреди. Спарта после натпреварите во европските купови редовно плаќа казни за непристојното однесување на своите навивачи.