Прва до предност дојде екипата на Спарадајс преку Матески Дарко кој беше најснаодлив во противничкиот казнен простор.
По стартниот грч, Инбокс заигра подобро а Кочоски Валентин имаше неколку убави прилки кои ги стопираше Маркоски. Изедначувањето стигна на средина на првиот дел и тоа по автоголот на Танаскоски Климчо.
Кратко траеше резултатаската изедначеност, а ја наруши Речкоски по двојното проигрување со Танаскоски.
– Одигравме добар натпревар. Момците пружија отпор, на крајот победи поискусната екипа. Во четвртфиналето посакуваме реванш за поразот во групата – потенцираше Речкоски од тимот на Спарадајс.
Во четвртфиналето Спарадајс ќе игра против тимот на Бел Мерцедес.