Голгетерот на Интер, Мауро Икарди насловните страни во спортскиот дел ги замени со оние од шоу бизнисот, откако со својата сопруга Ванда Нара објавија серијал фотографии со експлицитна содржина. На дел од фотографиите без облека е фудбалерот, а дел Ванда Нара
Интересен коментар за сликите на Икарди даде тренерот Лусијано Спалети, кој сезонава имаше бурен период со офанзивниот фудбалер. Аргентинецот не играше месец дена поради недоразбирање со управата, што резултарираше со одземање на капитенската лента и префрлање во Б составот.
- Кога е со нас Икарди, тој е облечен во опрема на Интер. Тоа мене најмногу ме интересира. Тој тренира напорно и е посветен на тренинзите на исто рамниште како останатите фудбалери. Претходниов период се случија работи кои го ограничуваа, но сето тоа е минато. Тој е важен играч за нас и тогаш кога не постигнува голови. Јас немам проблем со него и размислувам за негово заминување од Интер. – изјави предводникот на Интер.
Со оваа изјава на Спалети, веројатно ќе се стави точка на една од најдолгите и највозбудливи сапуници во италијанскиот фудбал.
OhridNews