Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети е прогласен за најдобар тренер во октомври во италијанското првенство.

Наполитанскиот клуб минатиот месец забележа пет победи на пет натпревари со вкупен резултат 15:4. Тимот води во Серија А со 32 бода и има пет бода предност од второпласираната Аталанта.

Спалети претходно беше прогласен за менаџер на годината во Серија А во февруари 2022 и септември 2021 година.

OhridNews