Италијанскиот стручњак Лучијано Спалети и следната сезона ќе го предводи тимот на Интер од клупата, откако директорот на клубот Џузепе Марота отфрли тренерска смена во летниот преоден рок. Помеѓу имињата кои се споменуваа за следен тренер на Интер најмногу се издвојуваа Жозе Мурињо и Антонио Конте.
- Нема потреба да бараме тренер за следната сезона, бидејќи тој е Спалети. Имаме договор со него и задоволни сме од неговата работа. – изјавил Марота за италијанските медиуми.
„Нероазурите“ ќе финишираат без трофеј или некој позабележителен успех, а сезонава што изминува ќе остане запаметена по нарушените односи помеѓу клубот и капитенот Мауро Икарди.
Спалети на клупата од Интер се пресели од Рома во јули 2017 година и втора сезона по ред ќе обезбеди учество во Лигата на Шампиони.
OhridNews