Средбата на Џузепе Меаца помеѓу Интер и Барселона е една поинтересните пресметки во 4-та рунда од фазата по групи во Лигата на Шампиони. „Неро-азурите“ на гостувањето во Барселона го претрпе првиот пораз во групата, откако изгубија 2-0, а пред своите гледачи ќе имаат шанса за реванш.
Тренерот на Интер, Лучијано Спалети не сакаше да ги споредува двата клубови, но даде интересна изјава за пристапот на каталонците за првиот дуел одигран на Ноу Камп.
- Фудбалерите на Барселона на загревање на првиот меч излегоа десеттина минути пред предвиденото време да се повлечат од теренот. На моите играчи ги прашав да не имаат некој скриен фитнес центар или нешто друго, бидејќи ми изгледаше многу чудно. И не само тоа, фудбалерите ми кажаа дека играчите на Барселона на денот на одигрувањето на мечот максимално си ги одработиле домашните обврски земајќи ги дечињата од училиште и градинка. Ние да се подготвуваме така ќе изгубиме 18-0. – изјави Спалети.
Капитенот на каталонците и најдобриот играч Лионел Меси отпатува со екипата во Милано и докторите ќе го имаат последниот збор за неговиот настап.
- Меси е црешата на шлагот во Барселона. Тој ја прави екипата уште појака и многу делува на играчите. Неговото присуство или отсуство не треба да влијае на нас, бидејќи ние си имаме свои задачи кои ќе пробаме да ги исполниме. – заврши Спалети.
Барселона со три победи во исто толку мечеви е лидер на табелата, додека Интер со шест поени е второпласиран во Б групата. Третата и четвртата позиција ја заземаат Тотенхем и ПСВ Ајндховен кои имаат по еден бод.
OhridNews