Новиот тренер на Наполи, Лучано Спалети, не крие дека е исклучително задоволен од македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас. Според Спалети, Елмас е „феномен кој не може секој да го разбере“.
Има премногу карактеристики, затоа не можете да го разберете Елмас. Може да го користите на многу позиции“, им рекол Спалети на новинарите, на прес конференцијата во клупскиот тренинг камп.
„Наполи има нешто исклучително, кога ќе ги погледнете карактеристиките и квалитетите на Елмас. Ќе биде важен играч за нас. Точно знам каде ќе го користам. Тој е феномен“ – дополниле искусниот тренер.
Новата сезона во Серија А ќе започне на 21 август. „Азурите“ шампионатот ќе го отворат на домашен терен, против повратникот во елитата, екипата на Венеција.
OhridNews