Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети го сподели своето мислење за информацијата дека ќе го напушти наполитанскиот клуб. Вчеравечер Наполи загуби од Милан (0:1) во натпреварот од Серија А.

Ако не можете да се справите со притисокот, треба да заминете. Но, ве уверувам дека ќе бидам на утринскиот тренинг со план за работа. Ако мислите дека нема да се вратам на работа, грешите, изјави Спалети.

По овој натпревар, Милан со 60 бодови се искачи на првото место во поредокот, Наполи со 57 бодови е трет.

OhridNews