Стејси Чемпион од САД се обидела да испрати во пакет куче на пат од околу 1770 километри. Кучето имала намера да го испрати со авионска пошта како родендендки подарок од Минеаополис во Атланта. Нејзиниот план го сопрел еден вработен во поштата кој изненадено гледал како пакетот се движи. Откако слушнал и дишење го отворил пакетот и го открил кученцето старо четири месеци.


Полицајката Анџела Доџ известила дека кучето во пакетот требало да помине најмалку два дена. Рекла дека тоа е страшно и дека никој не би бил среќен кога за роденден би добил мртво куче. Стејси наводно ги предупредила вработените во поштата да бидат внимателни со пакетот, бидејќи во него се наоѓал „скапоцен“ подарок.