Гери Халивел, членка на некогашната популарна група Спајс Грлс, настојува повторно да ги собере девојките со цел заеднички да ја раскажат својата приказна во мјузикл на штиците на лондонскиот Вест Енд.
Успешниот таен состанок со сите поранешни членки на бендот веќе се одржал, така што за некое време можеме да очекуваме претставување на двочасовна поп екстраваганца, барем по зборовите на Гери Халивел која ја презела улогата на продуцент.
Концептот на мјузиклот засега се базира на избор на пет непознати актерки кои би требало да ги имаат сите особини на Ема Бантон, Викторија Бекам, Мел Б, Мел Ц и Гери Халивел, а во изборот би требало да помогнат сите од нив.