Еден од најпознатите американски фудбалски новинари Грант Вол (48) почина во петокот во Катар додека известуваше од Светското првенство.

Новинарот, како што јавија американските медиуми, починал додека известувал од четвртфиналниот натпревар меѓу Аргентина и Холандија, а причината за смртта, засега, не е позната.

Целото американско фудбалско семејство е во тага поради сознанието дека го загубивме Грант Вол. Му благодариме на Грант на неговата огромна посветеност и влијание врз нашата игра во САД“, соопшти Фудбалската федерација на САД.

Претходно за време на СП, катарските власти го прозваа Грант, бидејќи носеше маица во боите на виножито за да изрази поддршка за ЛГБТ заедницата. Истополните бракови во Катар се забранети.