Македонската фудбалска селекција минува низ еден тежок период откако остана без селектор по заминувањето на Чедомир Јаневски. Неговото место го зазеде Зоран Стратев, кој е поставен за в.д. селектор на „рисовите“.

Покрај тоа репрезентативците веруваат на позитивен резултат на гостувањето во Велс, каде селекција ќе настапи без најдобриот фудбалер Герет Бејл.

– Не чека тежок меч во Кардиф против селекцијата на Велс. Сите репрезентативци ќе го дадеме максимумот на теренот и се надевам дека ќе извлечеме позитивен резултат – рече Никола Глигоров.

Македонија натпреварот со Велс, кој е претпоследен во квалификациите го игра в петок со почеток во 20:45 часот. „Рисовите“ со седум бодови се наоѓаат на петтата позиција додека Велс има еден помалку и е на последното место во групата.

Мх.П.