Во текот на целиот меч се играше со тесен резултат. Посебно во првиот дел беше неизвесно и во ниту еден момент една од селекциите не успеа да направи преголема разлика така што резултатот остана нерешен на паузата.
После 11_11 на полувремето во вториот дел Македонија за момент успеа да покаже дека има сили да стигне до победата и на оваа средба. Меѓутоа тоа не траеше долго и после 45 минута сe` беше во рацете на селекцијата на Франција. Постојано се зголемуваше разликата, а со тоа се губеше и чекорот со противникот така што до крајот репрезентативците на Македонија немаа сили да стигнат до подобар резултат. Французите го решија дуелот во своја корист, а со тоа си добија можност да се борат за 7. место на крајот на шампионатот.
Веселин Вујовиќ, селектор на Македонија_ Франција е одличен тим и не е подобро пласирана само зашто имаше тешка група. Ние загубивме многу со повредата на Пецаковски и со црвениот картон за Симовиќ, па второто полувреме беше невозможна мисија за нас. Мислам дека овој резултат е реалност на македонскиот ракомет.
Ги Петижирар, селектор на Франција_ Знаевме дека мечот ќе биде тежок, зашто победата и беше мошне важна на Македонија. Но, таа загуби многу со црвениот картон на Симовиќ, а наша голема предност беше ротацијата на сите играчи.
world handball mkd